Народна банка распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.Во тендерската документација се вели дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се спомнува на парите.
Критериумите за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвораат на 15 мај.