• Fri. Nov 22nd, 2024

Почнува Граѓанскиот буџетски форум во Струмица

Утре и на четврти декември ќе се одржат две сесии на Граѓанскиот буџетски форум во Струмица, како модел на партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Буџетот за 2018 година.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, денеска ги повика граѓаните да бидат дел од форумот, за да може да учествуваат во креирање на буџетот и приоритеите на општината.

Тој додаде дека по одржувањето на јавните собири во месните и урбаните заедници добиле околу двесте предлози.

Граѓанскиот буџетски форум во општина Струмицa го имплементира Центарот на заедницата на општина Струмица со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *