• Sun. Nov 24th, 2024

Почна уредувањето на булеварот Првомајска во Валандово

Во рок од четири до пет месеци во зависност од временските услови треба да се уреди булеварот Првомајска во Валандово на влезот од Струмица.  Деновиве градежната фирма Пешо Инженеринг ги почна со земјените работи по што ќе пристапи на бетонските, метало браварските но и работите за електрика и осветлување. Станува збор за уредување на потег од околу 400 метри при што ќе бидат поставени тротоари, јавни зелени површини, патокази, клупи за одмор и друга урбана опрема а целиот тој простор ќе биде и осветлен. Градоначалникот на Валандово најавува уредување на булеварот и на излезто односно кај Здравствен дом

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *