Почна постапката за санирање на дупките по улиците во Струмица за кои реагираа струмичани изминатиов период. Од страна новоизбраната фирма изведувач „ Џови Компани“ веќе се бележаат критичните места со ударни дупки кои престојниот период ќе бидат санирани со асфалтна подлога, процес кој ќе почне од утре.
Проблемот со дупките во Струмица произлезе откако радовишката фирма Ве група која лани беше избрана за санација, и покрај склучениот договор од една година не ги извршуваше предвидените задачи, за што општината поднесе тужба за нереализација на договорените обврски.
Од таа причина Општината мораше да го раскине договорот со компанија и преку јавна набавка да бара друга. Јавната набавка заврши деновиве и новата фирматреба да почне редовно и според налог на општинските власти да ги санира лоцираните дупки.
Според информациите деновиве ќе се пристапи на санација на дупки кои се на пофрекфентни улици и ударни места по што ќе се санираат насекаде каде што струмичани имаат пријавено.