• Fri. Nov 22nd, 2024

Почна исплатата на МојДДВ за април, мај и јуни, зголемен бројот на скенирани сметки

ByВане Трајков

Aug 20, 2020

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020. Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

Министерката за финансии Нина Ангеловска преку својот фејсбук профил најави дека исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020.

– Поврат: 5,44 милиони евра; граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или
околу 25.000 повеќе во однос на претходното тримесечје; скенирани сметки: 41,7 милиони сметки; аправен промет: 21,4 милијарди денари, наведува Ангеловска.

Министерката ги оценува како одлични резултатите на МојДДВ за јули и посочува дека се скенирани 21,5 милиони сметки или за 80 отсто повеќе во однос на просекот од сите останати месеци.

Потсетува и дека со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист: помагаат во сузбивањето на сивата економија, добиваат поврат на ДДВ и добиваат можност за бројни парични награди преку #МојаНаграда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *