• Sat. Nov 23rd, 2024

Почна државната матура. Матурантите го полагаа првиот предмет мајчин јазик

Матурантите на тест. Денес го полагаа првиот и задолжителен дел од државната матура -мајчиниот јазик. Испитот започна во 10 часот, а од струмичките средни училишта подготвени го дочекаа првиот испит. Околу 800 матуранти седнаа на жешкото столче, а полагањето го набљудуваа тестатори кои во училиштето пристигнаа во раните утрински часови.

Според извештајот на Државниот испитен центар,оваа учебна година за државната матура пријавени се 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование. Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно полагаат 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик. На 9-ти јуни ќе се полага математика, на 13-ти јуни странски јазик а на 15-ти јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.Инаку Државната матура е услов за матурантот да продолжи со високо образование.