• Sat. Nov 23rd, 2024

Почина пејачот Васил Ангов од компликации од коронавирусот

ByВане Трајков

Oct 24, 2020

Познатиот музичар и пејач Васил Ангов од Гевгелија почина по компликации од коронавирус, објави неговиот син на социјалните мрежи. 

Тој во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, а зад себе остави неколку други познати песни како „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.

Ангов има настап и на Скопскиот фестивал, а најпопуларен е во родната Гевгелија, каде тој е трета жртва од Ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје од Гевгелија информираа дека Ангов бил позитивен пред десетина дена но заради хорнична астма неговата состојба  нагло се влошила заради што бил хоспитализиран во болнички услови и бил на респиратор.

Во последните 24 часа освен Ангов починале уште две лица од Гевгелија од компликации предизвикани од ковид-19 и бројката на починати во овој регион се зголеми  на 5 лица.

,, Во  текот на вчерашниот ден починаа три лица од Гевгелија кој беа на лекување во Скопје. Станвуа збор за две машки лица на возраст од 50 тина години и една жена која повеќе од две недели беше на Инфективна’’, ни изјави Димитар Крџев од гевгелиската општа болница кој апелираше до своите сограѓани строго почитување на мерките

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *