• Fri. Nov 22nd, 2024

Почина бардот на српската поезија за деца Добрица Ериќ

Денеска почина Добрица Ериќ, потврди неговото семејство за српски Танјуг. Добрица е роден во селото Долна Црнуча во Горна Гружа кај Горни Милановац.

Родителите му биле селани од Шумадија – Милош и Радмила.

Завршил четири години основно образование во селото Врачевшници и си ја пробал среќата во многу занаети.

Со своето богато творешто го одбележува животот во просторот на Шумадија и Србија.

Тој беше книжевник, поет, драмски и прозен писател. Слиакр на природата, селата, детството, љубовта, писател за деца.

Неговото творештво беше недоминлив во антологиите и учебниците. Пишуваше поезија и проза, песни за деца, соработувал со бројни весници и списанија и често во разни прилики кажуваше песни.

Првата збирка поезија ја објавил во љ959 година, а до денеска повеќе од стотина книги поезија, проза, антологии, сликовници. Песните му се објавуваа во антологии, учебници, училишни лектири.

Добитник е на низа значајни награди: Младо поколение, Горанова пролет, Нагарада на Змаевите детски игри, Невен, Вукова награда.

Зрно сон

Би дал ноќва полна вреќа печница

за едно зрно сон.

Ноќта е безопасна како детска душа,

а мене ме фаќа страв.

Којзнае што некој сонува

додека јас сум буден?

Моите смрзнати јаболка стојат неподвижно

на месечината и го придржуваат небескиот свод.

Ми се чини дека целото ѕвездено небо ќе се сруши

на мојот Чардак, кога ветрот сега би поместил

само едно гранче.

Би дал вечерва цела вреќа пченица

за едно зрно сон.

Препев: Сузана Мицева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *