Министерството за финансии и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) почнуваат кампања за подигнување на свеста за последиците од сивата економија, нејзиното влијание врз животот на граѓаните и потребата од нејзино намалување.
Почетокот на кампањата „Внеси боја во сивата економија” ќе биде означен на плоштадот „Македонија”, а на настанот најавено е обраќање на министерот за финансии Фатмир Бесими и на заменичката на постојаниот претставник на УНДП во земјава, Сања Бојаниќ.