Првиот човек на Општина Струмица, градоначалникот Костадинов најави нов капитален проект за развој и поддршка на струмичкото земјоделство.
Струмичкиот, како најголем регион за производство на храна, ќе добие современ откупен центар со капацитети за складирање на производството.
Денеска градоначалникот Костадинов и членовите на Советот, присуствуваа на потпишувањето на договор за избор на консултантска фирма за изградба на откупните центри во Струмица и Ресен.
Оваа инвестиција значи подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголеми вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, пред се во ЕУ.