Општина Радовиш во соработка со канцеларијата на Светска Банка во РСМ, потпишаа договор со фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје за изградба на патот од мостот на Смиљанска Река до центарот на селото Смиљанци, во вредност од 25,5 милиони денари.
Со градежните активности на трасата во должина од 2,7 километри ќе започне на 5 мај, а се очекува комплетирање до крајот на месец јуни.