На најдолгата улица во градот Струмица, „Младинска“, се поставени нови, штедливи и модерни 47 ЛЕД-светлечки места. Новото улично осветлување е поставено на потегот од градинката кај болницата до градинката кај основното училиште „Никола Вапцаров“ во должина од 1,7 километри.
Од општината информираат дека поставување ново, модерно и штедливо улично осветлување ќе продолжи и на други улици во градот и населените места