Поради асфалтирање со втор слој асфалт на главната улица во населеното место Добрејци, на потегот од регионалниот пат Струмица – Василево до опфат со населеното место Пиперево, ќе има посебен режим на сообраќајот, информираат од Општина Струмица.
Општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање, бидејќи поради градежните активности на оваа улица ќе има времени прекини на одредени делници од оваа траса.