Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е позитивна на коронавирус.
„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден. На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје“, напиша таа на „Фејсбук“.