• Fri. Nov 22nd, 2024

Поранешната министерка Јанкуловска од денеска е на слобода

ByЃ. K.

Nov 1, 2023

По 3 години и 1 месец зад решетки, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска излегува на слобода, пренесува Фокус.

Излегувањето на Јанкуловска од затворот „Идризово“ е со условен отпуст, по одлука донесена од скопска Апелација. Ако до октомври 2024 година не направи ново кривично дело, таа нема да се врати во затворот.

Пред Апелација да ја донесе ваквата одлука, судиите ги зеле предвид факторите што Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Јанкулоска во „Идризово“ ја издржуваше казната затвор од 4 години како осудена во предметот „Тенк”, во септември 2020 година.

By Ѓ. K.