• Fri. Nov 22nd, 2024

Поради пандемијата со Ковид-19 од утре предвремена и етапна исплата на пензиите за јули

– Исплатата на пензии за јули почнува од утре, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде додаваат и дека со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

-Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. утре ќе се исплаќаат пензии со висина до 11.000 денари, во среда од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок ќе се исплаѓаат пензии во висина над 18.000 денари, се вели во соопштението од МТСП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *