Од Општина Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод од браната “Иловица” до филтер станицата „Иловица“ сите корисници од водоснабдителниот систем денеска (сабота) ќе бидат без вода.
Се работи за дефект со кој се спречува дотур на вода до филтер станицата за кој е задолжено АД Водостопанство “Струмичко Поле” Струмица.
Екипи од “Струмичко поле” со помош на вработените од ЈПКД “Огражден” се на терен и работат на отстранување на дефектот и повторно обезбедување вода за филтер станицата Иловица.