Поништен огласот за распределба на социјалните станови во новата зграда во Струмица која ја градеше министерството за транспорт и врски.Причина за поништувањето на огласот велат од министрството е некомплетната документација на апликантите.80 апликации пристигнале до нив ,но само многу мал дел од нив имале комплетна документација.Поради фактот што регуларни биле само неколку апликации немале начин како да ја извршат распределбата.Покарај овој факт од ресорното министерство велат дека сега пред да се распише новиот оглас за распределба на 37 те стана ќе мора истиот да го усогласат со новиот закон за социјалана заштита кој беше донесен минатиот месец.Именно, со новите законски реформи се налага дополнително да се внесат една до две нови категории на граѓани кои ќе имаат право да аплициираат и рамноправно да учествуваат во аплицирање за нов социјален стан.Досегашниот оглас опфаќаше само 7 категории на граѓани а сега бројот ќе се зголеми.
Документацијата и овој пат ќе се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица, каде ќе се обезбеди помош за лицата кои не се во можност сами да ги комплетираат документите. Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од неколкуте категории кои ќе ја имаат можноста за социјаленстан.
Зградата е лоцирана на ул. „Ѓорѓи Василев“ во Струмица. Во неа има 41 стан, од нив четири веќе се доделени на Министерството за труд и социјална политика кое пак ги подели на граѓани од најранливите категории. Истата е изградена преку Програмата на АД за изградба и стопанисување со јавен и државен простор.