Гужвите на граничните премини за излез од земјава поминаа. Според последните информации од АМСМ на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Утринава времето на чекање на граничниот премин Богородица беше од 30 до 45 минути, додека на ГП Дојран од 15 до 30 минути.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
извор:makfax