Најмногу по четири часа дневно ќе имаат децата од 1 до 3 одделение, предвидува новиот предлог-закон за основно образование. Децата веќе нема да одат на училиште во сабота бидејќи новиот закон ќе предвиди наставата да се остварува од 175 до 180 наставни дена (а не најмалку 180 дена како што беше досега).
Искуството покажало дека тие денови не се ефективни.Со предлог-законот се утврдува максималниот број на часови на учениците. Од 1 до 3 одделение децата ќе имаат најмногу 20 наставни часа неделно. Од 4 до 6 одделение најмногу 25 часа, а основците од 7 до 9 одделение ќе имаат најмногу до 30 часа неделно.За наставниците, со закон се регулираат неработните денови во текот на зимскиот распуст.
Бројот може да се движи од 20 до 30 деца во еден клас. Во паралелка со комбинирана настава може да има најмногу до десет ученици.Бројот на учениците со посебни образовни потреби не може да биде повеќе од две деца во едно одделение. Училиштето ќе треба да обезбеди лични асистенти за овие деца, кои ќе ги плаќа државата. Се предвидува формирање на мобилни служби составени од психолог, дефектолог, логопед, социјален работник.
Најмалку половина од деновите од распустот ќе бидат платени неработни денови, кои не се дел од годишниот одмор на наставникотПредвидени се намалувања на неделниот фонд на часови на наставниците – од 18 до 23. Ќе се намали бројот на ученици во паралелките – наместо досегашниот минимум од 24 деца, минималниот праг се утврдува на 20 ученици.