Полуматурски нема да има потврдија директорите на основните училишта во Струмица
Директорите на основните училишта во о. Струмица категорично ги отфрлија дезинформациите кои се појавија во јавноста дека полуматурантите ќе имаат прослава за крај на основното образование.
Меѓу деветтооделенците последните неколку денови се зборува дека ќе можат да ја прословат својата полуматусрка вечер , некои од нив добиле поддршка и од родителите. На ова денес реагираа директорите кои сметаат дека ниту мерките дозволуваат ниту пак имаат официјален допис од ресорните министерства.
Се до промена на одлуката за групирање на затворен простор која ја носи комисијата за заразни болести а се усвојува од Влада ќе ги придржуваат истите.
Сметаат дека дезинформациите создаваат конфузија кај децата и родителите.