• Mon. Nov 25th, 2024

Полицијата и струмичките угостители на работна средба

ByВане Трајков

Jun 28, 2018

Струмичката полиција и угостителите пред екот на летната сезона на заедничка маса проговорија за законските правила кои треба да ги почитуваат за да не бидат казнети. Угостителите велат дека генерално се за стриктно почитување на правилата, од гласноста на музиката, времето до кога се пушта, па до забраната за точење алкохол на малолетни лица.

Ова е проактивен однос на полицијата кон овој сектор велат од СВР Струмица. Сакаат на овој начин и директно да ги запознаат со законските одредби, за да се намалат прекршувањата.

СВР Струмица вчера испрати соопштение дека во летниот период ќе врши засиелни контроли во угостиелските објекти за присусво на малолетници по 24 часот, точење алкохол на малолетници, како и евентуални пријави за гласна музика.

За непочитување на зкаонските одредби за гласноста на музиката,  угостителите може да се соочат со пријави и глоба која се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на правното лице. Доколку, пак, станува збор за трговец-поединец, глобата  изнесува од 500 до 800 евра.

Секторот за внатрешни работи – Струмица,  апелира, угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по 24,00 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. За послужување алкохол на малолетници, угостителите можат да бидат и кривично гонети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *