Три бироа биле опожарени во вчерашниот пожар што избувнал во една од канцелариите на полициската станица во Валандово. МВР потврди за пожарот при што информираше дека е направена матријална штета. Портпаролот Хризантема Рендевска информираше дека пожарот настанал окол 18 часот во одделението за криминалистика и нема повредени а е направена незначителна матријална штета
Пожарот бил ликвидиран околу 20 часот. На местото на настанот излегле екипи од Јавното обвинителство и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување кои треба да ги утврдат причините
Митко Димчев инспектор за пожар информираше дека биле опожарени три бироа а најверојатно причинтел за пожарот е комјутер кој се запалил од засега непзонати причини. Другата просторија каде биле доказните матријали не била зафатена од пожарот. Од пожарот биле зачадени повеќе простории