• Sat. Nov 23rd, 2024

Пожар во лимените гаражи на струмичкиот суд

Попладнево од засега непознати причини избувна пожар во лимените гаражи на струмичкиот суд. Засега не се знаат причините за настанувањето на пожарот кои дополнително ќе се утврдуваат. Како што дознаваме во гаражите имало возило и одземени предмети со правосилна судска пресуда.

Портпаролката на судот Цона Каламерникова ни изјави дека по направениот увид ќе се знаат причините и штетата. Истакна дека изгорело едно возило на Судот кое било осигурено и одземени предмети со правосилна судска пресуда. Во гаражата не се чувал доказен матријал.

Екипи на ТППЕ Струмица успеа за кусо време да го локализираат пожарот кој предизвика матријална штета. Освен возилот на судот опожарено беше и друго возило во непосредна близина на гаражите.

Увидни екипи излегоа на терен за да ги утврдат причините за пожарот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *