Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица ја пренесува информацијата од ТППЕ Гевгелија во која се наведува дека пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет.
Како што информира Ѓорѓе Илиев од ДЗС за Канал ВИС во моментов ангажирани се 50 тина лица од повеќе противпожарни друштва и институции но и локално население кои се обидуваат целосно да го ликвидирааат жариштата на потегот од Фурка до Паљурци
Изгорени се околу 400 хектари ниско стеблеста шума но и борова шума кај Паљурци каде вчера повеќе од еден час беше блокиран патниот правец Дојран Богданци. Според Илиев