• Fri. Nov 22nd, 2024

Поединци во името на цела улица тврдат дека во нивните улици нема фантомски гласачи

Поединци од улиците Моша Пијаде и Бетовенова во името на сите граѓани тврдат дека нема фантомски гласачи на нивните улици. Денеска со исто соопштение се огласија жители на двете улици, велејќи дека минатонеделниот прес на струмичките социјалдемократи е навреда за нив, тврдејќи дека нема непостоечки гласачи на овие улици.

„Ние не сме фантоми, ние сме живи луѓе, со постоечки адреси на живеење и право на глас, а како доказ ги приложуваме нашите лични карти“, се вели во идентичните соопштенија.

Притоа, граѓаните зборуваа за себе, а  никој не приложи доказ дека на целата улица нема непостоечки гласачи.

Минатата среда општинската организација на Сдсм излезе со список на улици каде граѓаните пријавиле непостоечки објекти и гласачи.

[wpdevart_youtube]RhKthecTRBs[/wpdevart_youtube]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *