10, 18 па дури и енормно висок индекс од 20 мерни единици со шекер во крвата, денес беа регистрирани на бесплатното мерење на гликоза во центарот на Струмица . Со цел подигање на свеста кај граѓаните за навремено дијагностицирање и превенција ЗГ „ Гликоза“ од Струмица денес одбележувајќи го светскиот ден на дијабетисот го организираше овој настан.Граѓаните ги слушаа советите и соодветно беа упатувани на лекар.
Во светски рамки половина од луѓето со дијабетес се недијагностицирани, односно не знаат дека имаат дијабетес. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите за дијабетес тип 1 (жед, зголемено мокрење, замор, ненадејно губење на телесна тежина, глад) и зголемени можности за скрининг на лица со висок ризик за дијабетес тип 2 (напредна возраст, зголемена телесна тежина, компликации, ниско ниво на физичка активност и нездрава исхрана).
Во земајава иако сеуште нема регистар за заболени од дијабет, но сепак се проценува, наведуваат од Здружението, дека бројот на возрасни лица со дијабетес во Македонија изнесува околу 185.000 (12 отсто од целата популација).