Десетмесечното бебе во гевгелиската градинка било повредно при пад во игра со останатите деца. Гребнатинките биле веднаш санирани од страна на негувателите задолжени во групата за кои директорката поднела предлог за поведување дисциплинска постапка. Вака с оопшти Министерството за труд и социјална политика откако денеска испрати инспектори во клонот Цветови во градинката во Гевгелија каде во вторникот се случил инцидентот а за кој реагираше опозициската ВМРО ДПМНЕ
,, Директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка ДЕТСКА РАДОСТ – Гевгелија, поднела предлог за поведување на дисциплинска постапка против негователкит и донела Решение за формирање на комисија за утврдување на повреда на работната дисциплина. При вонредниот инспекциски надзор е утврдено дека директорот постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата,, стои во соопштението од МСТП
Од таму ги демантираат изјавите на пратеничката Ангелина Митева дека станува збор за брутално претепано дете и апелираат децата да не се користат и злоупотребуваат за политички цели . Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска побара Министерството да ги врати ингеренциите над градинката на општина Гевглеија и да одговараат сите вклучени за инцидентот во вторникот