• Fri. Nov 22nd, 2024

Поднесена кривична пријава за обид за убиство

полиција

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници Одделението за внатрешни работи Струмица по преземени мерки и активности во текот на вчерашниот ден го лишија од слобода Ф.Д.(33) од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство.
Имено, на 24.12.2021 во СВР Струмица било пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Струмица со тешки телесни повреди од тврд предмет бил донесен М.О.(56) од село Нова маала, општина Василево. Од преземените активности од страна на полициските службеници било утврдено дека на критичниот датум осомничениот во домот на М.О. го извршил кривичното дело.
Денеска (01.01.2022) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Д., по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *