Пекарницата Bagel Bakery ја надмина бројката од 7.000 поделени оброци на лица од социјален ризик изминатите пет месеци.
Од почетокот на мај, како одговор на ковид – кризата којашто го направи уште потежок патот до сигурен оброк за многу семејства, пекарницата заедно со донаторите GIZ, секојдневно обезбедува топол оброк за најмалку 70 лица.
„Од понеделник до петок, тука се печат банички, се подготвуваат сендвичи и други оброци коишто потоа се дистрибуираат до лицата коишто имаат потреба од нашата помош и поддршка“, велат од Bagel Bakaery.
Во подготовката на оброците учествуваат и лица коишто се лекуваат од зависности, како дел од нивната работна терапија.