Фудбалерите на Хоризонт Турново не успеа да се пласираат во плеј офф завршницата од македонскиот фудбалски Шампионат на Макеоднија. На свој терен издвојуваа победа над кратовски Силекс со 2:1 но залудно. Штипска Брегалница со победата над Работнички во последен момент се проби на 6 позиција која носи опстанок и разигрување на титулата. За Хоризонт Турново дуелот Брегалница-Работнички е премногу сомнителен бидејки Работнички излегол со вториот состав а само неколку дена претходно романтичарите славеле против Штипјани. За титулата ќе играат Вардар, Шкендија, Силекс, Шкупи, Работнички и Брегалница додека за опстанок ќе играат Турново кој е лидер Ренова, Металург и Младост. Турново до крајот на плеј аут лигата ќе има за задача да го избегне баражот во кој повеќе од сигурно е дека ќе игра со Ренова, бидејки две екипи испаѓаат од елитното фудблаксо натпреварување.