78-годишен возач од Богданци е тешко повреден откако изгубил контрола и удрил во неколку паркирани возила.
На 14.07.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, Б.П.(78) од Богданци, управувајќи патничко возило „даеву“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во четири паркирани возила – „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки и „пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки. Во несреќата, возачот Б.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, информираа од МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.