Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за Државни патишта отпочнаа со реализација на проектот за реконструкција на 12 (дванаесет) регионални патни правци со вкупна должина 166 километри.
ЈП за Државни патишта веќе потпиша договор со проектанска компанија за изработка на концептуални проекти и тие проекти се очекува да бидат завршени за четири месеци.
Во југоистокот ќе се реконструираат два патни правци: државниот пат А4, Струмица – Ново Село – граница со Р. Бугарија, во должинаод 20 километри, како и регионалниот пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија,во должина 24 од километри.
Средствата за реконструкција на сите 12 патни правци се обезбедени од Светска банка, а инвестиционата вредност изнесува 14 милиони евра.
Според информациите од министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта, целта на реконструкцијата е да се подобри патната инфраструктура во Република Македонија, за да се овозможи поквалитетен живот на граѓаните и економски раст и развој на земјата.