Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, утрово соопшти дека бил избркан со судски полицаец од канцеларијата, наведувајќи дека, како партал е избркан по 11 години искуство во Кривичниот суд. На својот Фејзбук профил Панчевски рече дека не бил известен за ниту една постапка против него.
„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми. Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати! Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска!“, стои во постот на Панчевски.