• Fri. Nov 22nd, 2024

ПАНДЕМИЈА: Состојбата „стабилна“, а расте бројот на починати и хоспитализирани

By

Feb 2, 2022
ковид-19

Секој трет тестиран во изминатата недела бил позитивен, а бројот на починати од ковид-19 бележи раст од 40 отсто споредено со претходната недела. Министерот за здравство Беким Сали завчера рече дека не се нужни нови превентивни мерки, зашто епидемиолошката состојба е стабилна.

Луѓето не треба да се опуштаат и да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, смета доктор Илир Демири од Инфективната клиника и член на Комисијата за заразни болести.

Последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје  (ИЈЗ) покажува дека речиси секој трет што бил тестиран во изминатата недела бил позитивен на коронавирус, а за една недела од ковид-19 во Македонија починале 148 граѓани, што е  зголемување за 40 проценти споредено со претходната недела. Министерот за здравство Беким Сали завчера рече дека не се нужни нови превентивни мерки, затоа што епидемиолошката состојба во земјава е стабилна.

Комисијата за заразни болести се екипираше со нови членови, кои ќе се справуваат со ваквата епидемиолошка ситуација. За нов претседател е поставен директорот на Институтот за имунологија д-р Александар Петличковски, а за одговорен за односи со јавност Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје.

По состанокот на Комисијата, Мехмедовиќ рече дека укинување на вакциналните сертификати не доаѓа предвид, особено не во зимскиот период.

извор:

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *