Академија Пандев заслужено ги освои првите три бода против Македонија ЃП на стартот од шампионатот. Фудбалерите на Југослав Тренчовски одиграа одлично прво полувреме но и завршница и славеа со 2:1 против повратникот во елитата борбената Македонија ЃП
По неискористените шанси на Михајлов, Дориев и Миловановиќ, Ѓорги Стоилов го отвори резултатот во првото полувреме. Дориев имаше зрела шанса за 2:0 . Излезе сам очи во очи со противничкиот голман но немаше реализација. Казната веднаш стаса преку Тантуровски откако кикснаа пандевци во одбраната. Па следувааа 15 минути игра на средината.
Победносниот гол стаса во судиското продолжение откако домаќините притиснаа. Коствоски изнуди пенал а Дориев се извади за промашените шанси.
За разлика од Академијата на Горан Пандев, повратникот во Прва лига -Беласица претрпе пораз од 1:0 во Прилеп .
Двата струмички прволигаши веќе во недела го играат градското дерби на стадионот Младост