Фудбалерите на А.Пандев ја забележаа третата победа во прволигашкиот шампионат. На свој терен славеа против Пелистер од Битола со резултат од 2:0. Балдовалиев од пенал и Бовен од игра ги урнисаа надежите на битолчани за поволен резултат на Младост. Головите паднаа во второто полувреме откако по првите 45 минути беше без голови
Во вторите 45 минути, пандевци имаа доминација и на терен и врз играта. Имаа играч повеќе откако беше исклучен играч на Пелистер за да неколку минути подоцна заради игра со рака беше досуден пенал кој го реализираше искусниот Балдовалиев. Осум минути подоцна Бовен зголеми на 2:0
Со ова победа А. Пандев по шест кола со три победи, два нерешни исхода и еден пораз од Шкеднија се најде на втората позиција на прволигашката табела