Академија Пандев ја прекина серијата лоши резултати и по пауза од речиси шест месеци конечно забележаа првенствена победа. Го надиграа тимот на Скопје со резултат од 2:0 и освоија три бода кои ги однесе во горниот дел на табелата.
Љупче Дориев и Зоран Балдовалиев беа стрелците на двата гола во второто полувреме за пандевци кои имаа целосна доминација на теренот и се реваншираа за нерешениот исход на свој терен
Следното коло Академија Пандев го пречекува новиот шампион на Макеоднија – Шкендија против кого најавуваат нова победа…