• Sat. Nov 23rd, 2024

Пазарните инспектори ќе „ловат“ трговци кои ги вивнаа цените до небо

Државниот пазарен инспекторат излегува на терен по укажувањата дека некои од трговците ја злоупотребуваат економската криза и одмрзнувањето на цените, па за само неколку дена прекумерно ги зголемија цените на дел од производите. Директорката на пазарниот инспекторат, Анета Симеска Димоска за ДВ вели дека контролите ќе траат подолг период со цел да се утврди дали има прекршувања на законските одредби, објави Дојче веле на македонски

„Целта е да извршиме контроли дали цените на производите се утврдени согласно Правилникот за водење на евиденција во трговијата на големо и мало или има отстапувања“, вели Димоска. Ќе се врши проверка каква била маржата на 31 мај, а колкава е сега, откако престанаа да важат времените антикризни мерки, коишто што беа на сила изминатите три месеци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *