Во текот на утрешниот ден облачноста ќе се зголемува, ќе почне да дува умерен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени, информира УХМР.
Значително опаѓање на дневната температура за дополнителни 7-10 степени ќе има од четврток до сабота кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд.