• Sun. Nov 24th, 2024

Официјално од 15 Декември односно од вчера почна и наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“.

Право на учество имаат сите оние кои скенираат фискални сметки а она што треба да го знаете ако сте и вие еден од скенирачите е дека ќе имате трикратна корист.

Тоа всушност значи можност за добивање на една од паричните награди до 3.000.000 денари, второ поврат на ДДВ и трето придонесувате во борбата против сивата економија. 

За да бидете дел ид наградната игра, треба да сте регистрирани на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати  условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.

Вкупниот фонд на награди е 3.852 во вкупен износ од половина милион евра а имајте на ум и дека секој ден се скенираат фискални за 10 дневни награди – 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *