Денес , министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска , свечено ќе ги додели сертификатите на персоналните асистенти за лицата со попреченост кои ја поминаа обуката, организирана во соработка со Црвен крст на Македонија и Агенција за вработување на РМ. На свеченото доделување ќе присуствуваат и лица кои се корисници на услугата персонална асистенција.