На 21.02.2020 околу 21.00 часот на излезот од с.Банско кон с.Свидовица од полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични работи Исток по превземени активности пронашле паркирано товарно моторно возило„фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 лица-мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото го напуштил местото на настанот. За настанот е запознат јавен обвинител а лицата –мигранти се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.