• Sun. Nov 24th, 2024

Отворен повикот за грантови за агроеколошки мерки

50 тина земјоделци од струмичкиот и радовишкиот регион ке добијат по околу 5 илјади евра за воведување модерни еколошки мерки во производството на овошје и зеленчук. Станува збор за средства од третиот циклус на грантови од проектот за управување со сливот на реката Струмица. Затоа е отворен повик за аплицирање за учество на обуки а потоа да се грантираат 30 тина градинари и 20 тина овоштари

За учество на обуките планирано е да се изберат 40 производители на сливи, јаболка или круши за обуките во Радови и 60 производители на пиперки и домати на отворено и затворено за обуките во Струмица. Понатаму преку тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука ќе се одберат 50 грантисти, 20 земјоделски производители на овошни културии 30 производители на градинарски култури од сите 6 општини.

Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, средства наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *