• Sat. Nov 23rd, 2024

ОСМАНИ: ИМА КОНСЕНЗУС ВО ЕУ ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈА

ByВане Трајков

Mar 19, 2020

Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање  за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.Одлуката, посочи Османи, очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 март да се официјалира од страна на министрите за Европа и за надворешни работи на ГАК и потоа на самитот на лидерите на ЕУ предвиден за 26 март во вид на видео-конференција.

– Ова е исклучително добра вест, не само затоа што претставува постигнување на консензус од сите 27 земји членки по сите разлики кои постоеа во последните 15 години и навистина претставува историски момент за државата. Сепак, денеска и во наредните денови треба истата и формално да се потврди, изјави Османи. Позитивната вест од Брисел, како што информира Османи доаѓа по средбата на постојаните претставнци на земјите членки на ЕУ на која било разговарано и за проширувањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *