Општина Струмица ќе додели финансиска помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија во висина од 800 илјади денари. Ваква одлука донесе Советот на општината на седницата што денеска се одржува во АРМ.
Како што беше кажано од Буџетот на општината ќе бидат издвоени средства во висина од по 400 илјади денари за настраданите и во Турција и во Сирија
Катастрофалниот земјотрес се случи на 06.02.2023 и ги зафати пограничниот регион на Турција и Сирија, при што загинаа над 40 илјади жители а илјадници објекти се срушени.