• Thu. Nov 21st, 2024

Општина Струмица ја исплати еднократната парична помош за семејствата со првачиња

ByЃ. K.

Aug 30, 2023

Општина Струмица ја исплати еднократната парична помош од 2.000 денари на семејства со првачиња за првпат запишани во учебната 2023/2024 година во основните училишта во општина Струмица.

Сите семејства кои доставија барања добија финансиска помош, а оваа можност сѐ уште е отворена за семејствата кои од различни причини досега не доставиле барање, но најдоцна до 30.11.2023 година.

  • „И за оваа нова учебна година, мојот збор даден за првачињата е исполнет“, истакна градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.