• Sun. Nov 24th, 2024

Општина Струмица обезбедува буџетска финансиска помош за субвенционирање на нови зелени површини

ByЃ. K.

Aug 15, 2023

Општина Струмица и годинава обезбедува буџетска финансиска помош за субвенционирање на нови зелени површини на дворни места пред колективни станбени објекти на територијата на општина Струмица.

Целта е да се стимулираат жителите на општина Струмица за уредување и одржување на дворните места пред колективните станбени објекти и зголемување на зелените површини.

Општината субвенционира уредување на 3 (три) ново оформени/обновени зелени површни или нови подигнати зелени површини на дворни места, а паричниот надоместок изнесува најмногу 165.000 денари по колективен станбен објект.

ЈАВНИОТ ПОВИК е објавен денеска на општинската веб страница каде може да се видат и дополнителните информации, а истиот е отворен до 30 август.

By Ѓ. K.