• Fri. Nov 22nd, 2024

Општина Струмица годинава за електрична енергија ќе плати 370 илјади евра, склучи договор со Енерџи

Општина Струмица склучи едногодишен договор со скопската фирма Енерџи Деливери Солушнс во вредност од 370 илјади евра. Ова фирма треба да обезбеди електрична енергија за општината и јавното улично осветлување во наредните 12 месеци. На распишаниот тендер од страна на општината конкурирала и подружницата на косовската Фјучр Енерџи Трајдин енд Ексчејнџ Динамик во земјава.

По едностраното раскинување на договорот минатата година за електрична енергија  градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов во гостување на Канал ВИС кажа дека декемвриската сметказа електрична енергија  била 75 илјади евра наспроти 11 илајди евра во ноември.

 Како што кажа во Буџетот за ова година општината има проектирано 360 илјадид евра за електрична енергија  што е речиси идентично со сумата со која е склучен договорот по распишаната јавна набавка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *