• Sun. Nov 24th, 2024

Општина Ново Село ќе биде домаќин на Балканско првенство во одбојка на песок во машка и женска конкуренција до 22 години

ByЃ. K.

Feb 12, 2024

Лето 2024-то општина Ново Село ќе биде домаќин на Балканско првенство во одбојка на песок во машка и женска конкуренција до 22 години (U22 M&W Beach voleyball).

Од страна на генералниот секретар на одбојкарската федерација, Зоран Карановиќ и Филип Ричлиев пред градоначалникот Ѓорѓе Божинов беше презентирана одлуката на Балканската одбојкарска асоцијација (BVA) со која општина Ново Село се избира за домаќин на Балканското првенство за 2024 година.

Општина Ново Село полека, но сигурно станува важна алка во развојот на спортот во Македонија.

By Ѓ. K.